Фестивал Кокино - Тврдина на Сонцето #2

Ни претставува особена чест и задоволство да го најавиме новото, второ издание на целодневниот културен хепенинг КОКИНО – Тврдина на сонцето.
Локацијата на настанот е мегалитската опсерваторија Кокино, датата на одржување 17-ти СЕПТЕМВРИ (недела).

Несекојдневниот мултимедијален настан и оваа година

ќе се одржи со мноштво културни активности во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија.

Програмските активности на настанот почнуваат во 15:00 часот кога ќе се одржуваат организирани едукативни тури до опсерваторијата, работилници, предавања и презентации, како и перформативните активности на настанот кои стартуваат со поетско читање и го заокружуваат целодневното дружење со музичката програма во чии рамки годинава ќе уживаме во настапите на STRING FORCES, VOLTAIRE MANI AL HAKIM и диџеј ШУРБЕ.

Во едно поинакво афирмирање на мегалитската опсерваторија, која според НАСА се наоѓа на четврто место на најстарите опсерватории во светот, ве очекуваме на ова целодневно уживање под отвореното небо на КОКИНО, на кое ќе и дадеме поинаква живост и промоција на самата опсерваторија со грижливо селектирана програма, без да се нарушат атмосферата и духот на локалитетот.

Влезот за посетители на настанот е бесплатен, но ве потсетуваме дека се работи за настан со СТРОГО ОГРАНИЧЕН КАПАЦИТЕТ и РЕГУЛИРАН ПРИСТАП до локацијата, кој минатата година беше распродаден во рекорден рок.

За настанот во продажба се достапни билетите за организираниот автобуски превоз на релација Скопје – Кокино – Скопје кои чинат 100 денари.

За време на настанот ќе биде регулиран и пристапот до локацијата со автомобили, за што пак е обезбеден посебен паркинг простор, кој посетителите ќе ги чини 100 денари од возило. Ги информираме сите оние кои нема да успеат да ги набават своите билети за возило, дека НЕМА ДА БИДАТ ПРОПУШТЕНИ НА КОНТРОЛНИТЕ ПУНКТОВИ.

Бидејќи специфичноста на локацијата наметнува посебни услови пред сѐ од безбедносен и еколошки аспект, апелираме до посетителите во што поголем број да го користат организираниот автобуски превоз. Доколку сепак се одлучите на настанот да дојдете со сопствено возило, поради строго ограничениот капацитет ве советуваме што поскоро да го осигурате билетот за пристап до паркингот на настанот.

Билетите за автобуски превоз и за пристап до локацијата со возило се продаваат онлајн преку МКтикетс и во Југотон (ГТЦ, 1 кат - Скопје).

▼ Show More Information


Kokino
17 September , Sunday 15:00

More Events Nearby