Како да се ограби банка

Kако да се ограби банка

Автор: Сами Фејд
Режија: Иван Манасковски
Превод: Коле Ангелковски
Сценографија: Доротеа Ѓорѓиевска
Костимографија: Фросина Настевска
Избор на музика: Иван Манасковски
Кореографија: Катерина Шехтанска - Лаковски


Играат:
Лазе Манасковски
Марија Кондовска
Гоце Тодоровски
Симон

Манасковски
Катерина Шехтанска - Лаковски
Калина Наумовска
Игор Георгиев

Времетраење: 90 минути

Како да се ограби банка

Парите го вртат светот. А што би правеле кога тие не би биле дел од нашиот живот и нашето секојдневие? Што би правеле кога ќе го допрете дното во општеството и кога единствената мисла со која ќе се будите наутро е "како да го наполнам својот стомак"? Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Ајде да ограбиме банка. Овие први инстиктивни мисли кои си играат во нашата глава, овој пат ќе станат вистина.
Снаодливоста е главната особина на фамилијата Кепевски! Сите членови имаат некој свој личен проблем и секој од нив со него постапува многу наивно. Главата во семејството и човекот кој ја има диригентската палка е "големиот ум", Раде Кепевски. Овој човек нема материјални средства да ја преживее неделата, но тоа не го спречува да ја следи својата страст за измислување нови изуми, убедувајќи ги притоа сите, дека тие се корисни во нивното секојдневие. Во недостиг на материјал тој ја користи целата покуќнина за своите глупости.

Оваа претстава зборува за комичноста на луѓето кои ќе се најдат во комплицирани ситуации. Соочувањето со проблемите на нашите „херои“, е многу различно од односот и пристапот на повеќето луѓе кои чекорат на земјата. Според начинот на размислување и постапките на ликовите, многумина би рекле дека тие се луди! Но, кои сме ние да им судиме на луѓето? Што е навистина лудило и нели тоа се граничеше со генијалност? Дали денес сите ние не сме ли луди на еден или друг начин? Мисијата на фамилијата Кепече да се ограби банка, е многу слична на детската мисија, да се гради куќа на дрво. На прв поглед изгледа многу едноставно, но по пат излегуваат многу непланирани проблеми. Во оваа претстава ќе уживаме во инвентивноста на ликовите, па можеби тоа ќе поттикне поинаков пристап кон проблемите во нашите животи.
Човекот секогаш се бори за својата егзистенција и го бара своето место под сонцето. Начинот на кој тој тоа го прави понекогаш е комичен, а на нас ни останува само да се опуштиме и да уживаме во возењето.
Можеби и ќе научиме нешто!

Иван Манасковски

▼ Show More Information

ул. Шекспирова бр. 15, 1000
Skopje
10 April , Tuesday 20:00

More Events Nearby

 29 May , Tuesday
 Младински Културен Центар, Skopje
 09 June , Saturday
 Младински Културен Центар, Skopje
 10 June , Sunday
 Boris Trajkovski Sports Center, Skopje
 31 May , Thursday
 Makedonska Filharmonija, Skopje
 19 June , Tuesday
 Даут-Пашин амам, Skopje
 20 June , Wednesday
 Handball Camp Kiril Lazarov 7, Skopje
 16 June , Saturday
 Prae Tourism Macedonia, Skopje
 09 June , Saturday
 Скопје - Skopje, Skopje
 27 May , Sunday
 Kumanovo, Republic of Macedonia, Kumanovo
 09 June , Saturday
 Moto Club Vepar, Skopje
 23 June , Saturday
 Скопје - Skopje, Skopje
 25 May , Friday
 Macedonia Square, Skopje,
 02 June , Saturday
 Skopje The Capital Of Macedonia, Skopje
 13 June , Wednesday
 Hotel PORTA Skopje / Хотел ПОРТА Скопје, Skopje
 26 May , Saturday
 Skopje The Capital Of Macedonia, Skopje
 30 May , Wednesday
 InStore - Macedonia, Skopje