ПЕНА Журка: Големо отворање на плажа Градиште со познати ДИЏЕИ

Почитувани,

Заокружете го 24 јуни денот кога една од најубавите охридски плажи ја стартува сезоната Лето 2017. Токму за отворањето на комплетно реновираната плажа, која сезонава добива сосема нов и многу поразличен, уникатен изглед, односно во новата сезона една од најубавите плажи на Охридското Езеро

ќе има комплетно сменет изглед, кој веруваме дека ќе ги задоволи вкусовите и апетитите и на најпребирливите, се најавува маратонска журка со неколку познати диџеи, пена забава и изненадувања за сите посетители на Градиште 1, 2 и 3.

И тоа не е се, зашто на Градиште летово ќе има забави за сите вкусови, па така веќе на 22 јули на Градиште 1, 2 и 3 ќе се одржи традиционалниот, десетти по ред Love and happiness фестивал, во чии рамки на сите три плажи ќе има забави со неколку светски и домашни диџеј имиња, кои ќе бидат објавени наскоро. Се очекува за добрата атмосфера да се погрижат преку 30 изведувачи, а за посетителите се предвидени и пена забава, огномет... Забавите на сите три плажи почнуваат во 21 часот, а билетите во претпродажба по цена од 400 денари ќе бидат пуштени од понеделник. Билетите на врата ќе чинат 600 денари, а во претпродажба може да се набават преку мрежата на купикартизасе, станица Стража, плажата Градиште, Острово - Свети Наум и ланџ бар Ноа во Охрид.

29 јули, пак, е резервиран за спектакуларниот концерт на најголемата фолк ѕвезда на просторите на поранешната држава – Лепа Брена. Настапот на Лепа Брена е закажан на плажа 2, па заради ограничениот капацитет бројот на влезници е ограничен. Во претпродажба билетите ќе бидат по промотивна цена од 600 денари, додека на врата таа ќе биде повисока. Стартот на концертот е во 21 часот.

На 5 август гостуваат шармантните Фрајле, четиричлениот женски акустичен бенд од Нови Сад, девојките кои ги освојуваат срцата на публиката од 2009 година кога е основан бендот. И Фрајле ќе се погрижат за журката на плажа 2. Влезниците за дружбата со девојките кои свират од руско-циганска музика до актуелни поп-рок и авторски теми во претпродажба ќе се продаваат по цена од 500 денари.

▼ Show More Information

adress is not specified
24 June , Saturday 21:00

More Events Nearby

 08 July , Saturday
 Kadmo Beach & Club, Ohrid
 01 July , Saturday
 Discoteque PARK, Ohrid
 01 July , Saturday
 N.U. Centar za kultura "Braka Miladinovci" - Struga, Struga
 05 July , Wednesday
 Klimetica Hotel, Ohrid
 13 July , Thursday
 Ohrid Municipality, Republic of Macedonia,
 03 July , Monday
 Struga, Republic of Macedonia, Struga
 30 June , Friday
 Ohrid-Makedonia,
 09 July , Sunday
 Visit macedonia - wellness holiday, Ohrid
 21 July , Friday
 Ohrid, Ohrid
 21 July , Friday
 Struga, Republic of Macedonia, Struga
 21 July , Friday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 21 July , Friday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 21 July , Friday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 06 July , Thursday
 Ohrid, Makedonija, Ohrid
 22 July , Saturday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 07 July , Friday
 Macedonia, Ohrid, Ohrid
 28 June , Wednesday
 Ohrid, Republic of Macedonia, Ohrid
 23 July , Sunday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 21 July , Friday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 12 July , Wednesday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 23 July , Sunday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 23 July , Sunday
 Ohrid, Republic of Macedonia, Ohrid
 05 July , Wednesday
 Ohrid, Republic of Macedonia, Ohrid
 22 July , Saturday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 30 June , Friday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 22 July , Saturday
 Mislesevo, Republic of Macedonia, Mislesevo
 05 July , Wednesday
 Akhris, Republic of Macedonia, Akhris
 12 July , Wednesday
 Ancient Theatre of Ohrid, Ohrid
 22 July , Saturday
 Sveta Sofija,ohrid, Ohrid
 22 July , Saturday
 Ohrid City, Ohrid
 15 July , Saturday
 Hotel Desaret-Ohrid, Ohrid
 07 July , Friday
 Macedonia, Ohrid, Ohrid
 28 June , Wednesday
 HOTEL PARK Lakeside Ohrid, Ohrid